Top Sport

Торес: Се надевам дека Гризман ќе остане

Ветеранот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес се надева дека неговиот колега Антоан Гризман ќе остане во тимот и покрај големиот интерес на Барселона и на Манчестер јунајтед.

Атлетико ја пријави Барселона до ФИФА за нелегален обид да преговараат за услугите на францускиот напаѓач. Торес, чија иднина во клубот исто така е несигурна, вели дека Атлети уште не го загубиле Гризман.

„Атлетико може да потпише и да ги задржи најдобрите играчи на светот и тоа го има докажано. Гризман е уште со нас и секако дека сакаме да остане. За иднината ќе одлучи тој, но верувам дека ќе бидеме колеги“, изјави Торес за „Радио Марка“.

Договорот на Гризман трае до јуни 2022 година. Ветеранот Торес пак, вели дека би сакал да остане на „Ванда Метрополитано“, откако оваа сезона имаше 18 настапи и 3 гола и една асистенција.

„Сакам да останам тука засекогаш. Имам уште половина година од договорот, но одлуката не зависи само од мене“, вели Торес.

Scroll to Top