Олимпијакос го доби евролигашкиот класик против ЦСКА Москва 88:86 (23:20, 22:28, 19:20, 24:18), во рамките на 13.коло во елитното кошаркаско натпреварување.
Олимпијакос подобро го отвори натпреварот, но гостите од Москва уште во првиот дел направија пресврт. Во третата четвртина ЦСКА три пати имаше предност од 10 поени.
Олимпијакос повотрно го презеде водството во средишницата од последниот квартал, кога со серија од 13:0 стекна седум поени предност. Де Коло и Чачо Родригес се погрижија мечот да има неизвесна завршница кога го доближија ЦСКА на 87:86, но Јанис Стрелниекс од линијата за слободни фрлања на девет секунди до крајот стави точка на натпреварот.
Брилијантен натпревар за Олимпијакос одигра Џамел Меклин кој за 25 минути оставри „дабл-дабл“ од 25 поени и 12 скока. Кај ЦСКА блескаше Чачо Родригез со 23 поени.
По 13.кола ЦСКА и Олимпијакос се израмнети на челната позиција со 10 победи и три порази.
Шпанското дерби во „Блауграна“ и припадна на Уникаха која ја победи Барселона 80:93 (24:26, 21:18, 19:22, 19:24).
Барселона ја продолжи серијата на лоши игри и резултати, а по мечот публиката во „Блауграна“ побара оставка од тренерот Сито Алонсо.
Немања Недовиќ ја предводеше Уникаха, за 27 минути имаше учинок од 26 поени, 3 скока и 4 асистенции, додека кај Барселона најефикасен беше Томас Ертел со 19 поени.
Уникаха во 13.коло ја забележа петтата победа, додека Барселона го забележа деветтиот пораз.