Top Sport

Бристол со шок-терапија за Јунајтед! (видео)

Второлигашот Бристол сити успеа да го исфрли Манчестер јунајтед во четврт-финалето на англискиот Лига куп, откако со гол во 93. минута на „Ештон Гејт“ стадионот со 2:1 го победи гигантот за да остане како единствен второлигаш во оваа конкуренција.

Дека гостувањето кај еден од фаворитите за пласман во Премиер лигата следната сезона нема да биде лесно за тимот на Жозе Мурињо стана јасно во 51. минута, кога по одлична акција Џо Брајан го совлада Ромеро на голот на Јунајтед за водство од 1:0.

Јунајтед се врати седум минути подоцна откако Златан Ибрахимовиќ го постигна својот прв гол по кам-бекот од сериозната повреда. Кога се очекуваше дека ќе има продолженија во Бристол, Кори Смит ги прати гостите дома со пораз во 93. минута.

Останува да се види дали менаџерот на Бристол, Ли Џонсон ќе ја добие шансата да испие португалско вино со Жозе Мурињо, или на стратегот на Јунајтед веќе му „преседна“.

Во второто денешно четврт-финале, Челси со 2:1 го совлада Бурнемаут. И тука имаше драматична завршница, откако Бурнмаут израмни во 90-тата минут, за само две минути подоцна, Алваро Мората да донесе победа за „Сините“.

Покрај Бристол сити и Челси во полуфиналето се и Манчестер сити и Арсенал.

Менаџерот на Бристол ќе го пречека Мурињо со вино од 450 фунти

Scroll to Top