Top Sport

Анчелоти пред отказ

Карло Анчелоти се наоѓа пред отказ во Наполи, иако претседателот Аурелио Де Лурентис минатата недела изјави дека има целосна доверба во својот тренер. Наполи нема победа во Серија А на последните седум натпревари, викендов одиграа 1:1 кај Удинезе.

Италијанските медиуми во понеделникот пишуваат дека Анчелоти ги брои последните денови во Наполи. Наводно Де Лаурентинс интензивно му барал замена.

Двајца тренери веќе ја одбиле понудата. Станува збор за Масимилијано Алегри и Лучано Спалети. Овие двајца тренери плата примаат во Јувентус, односно Интер, бидејќи и двајцата добија откази пред истекот на договорите.

Во преден план сега бил Џенаро Гатузо за кого се интересирале и од Фиорентина.

Scroll to Top