Top Sport

Барса против Интер без Меси, Суарез, Тер Штеген…

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде имал намера со комбиниран тим да им се спротивстави на Интер во последниот натпревар во Ф-групата, во Лигата на шампионите. Барса веќе го обезбеди првото место во групата, додека Интер се бори за втората позиција со Борусија Дортмунд.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барселона, утревечер на „Џузепе Меаце“ ќе пристигне без своите најголеми ѕвезди. Се очекува нападот да го предводи Антоан Гризман, додека Лионел Меси, Луис Суарес и Тер Штеген, најверојатно ќе останат во Барселона.

Покрај овие тројца одмор од тренерот ќе добијат Џерар Пике, Џорди Алба, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и Нелсон Семедо.

Весникот шпекулира дека Валверде мечот со Интер ќе го започне со Нето на голот, Муса Варгу, Умтити, Тодимо и Жуниор Фирпо во одбраната, Алења, Ракитиќ и Видал во редот за врска, односно Фати и Гризман во нападот.

На Интер им е потребна било каква победа над Барселона за да се пласираат во осмина-финалето бидејќи имаат подобра меѓусебен скор од Борусија Дортмунд.

Scroll to Top