Top Sport

Јовиќ и пари за Обамејанг

Продолжуваат шпекулациите на шпанските медиуми поврзани со иднината на Лука Јовиќ во Реал Мадрид. Српскиот фудбалер сезонава има одиграно само 319 минути за Реал. Учинокот на фудбалерот за кого Реал платија 60 милиони евра е мизерен.

Шпанците шпекулираат дека Зинедин Зидан се обидува да донесе друг напаѓач во зимскиот преоден рок. Наводно негов избор бил Пјер-Емерик Обамејанг кој одбил да го продолжи договорот со Арсенал.

Габонецот од јануари 2018 година има постигнато 53 голови на 83 натпревари за Арсенал.

Наводно Реал биле подготвени покрај Јовиќ да понудат и пари само за да го донесат Обамејанг.

Scroll to Top