Милан и Ливерпул на 25.мај 2005 година играа во финалето на Лигата на шампионите. Спектакуларниот натпревар влезе во историјата на Лигата на шампионите. Милан имаше 3:0 на полувремето, но Ливерпул се врати во вторито дел, а потоа по изведувањето на пенали ја освои титулата.
Од играчите кои настапија на тој натпревар само уште еден е активен фудбалер, напаѓачот Милан Барош кој иако има 37 години игра за Бањик од Острава и на 15 натпревари има постигнато седум гола.
Барош кариерата ја започна во Бањик, каде настапуваше три години, а птооа уште два пати во 2013 и 2014 година. Во кариерата играл и за Астон Вила, Лион, Портсмут, Галатасарај и Анталија.
Во Лион се „прослави“ кога го собори регионалниот рекорд. Полициска патрола го запре во моментот кога возел 271 километри на час. Во Портсмут не постигна ниту еден гол на 16 натпревари, во Галатасарај беше најдобар стрелец во турскиот шампионат, а во Анталија ја доживеа најтешката повреда во кариерата.
Чесите го нарекуваат „Марадона од Острава“ и тој е вториот најдобар стреле во историјата на репрезентацијата за која одиграл 93 натпревари и постигнал 41 гол. Беше најдобар стрелец на Европското првенство во 2004 година, каде Чешка испадна во полу-финалето од Грција.
Само Барош е активен на фудбалските терени од таа славна генерација на Ливерпул, кариерата ја завршија Дудек, Фин, Карагер, Хипија Траоре, Чаби Алонсо, Луис Гарсија, Џерард, Рисе и Кјуел.
Слично е и со генерацијата на Милан. Последне кој се пензионираше е Кака, а претходно тоа го направија Дида, Кафу, Стам, Неста, Малдини, Пирло, Гатусо, Сидорф, Шевченко и Креспо.