Вечерва со дуелите во групите А, Б, Ц и Д ќе заврши првата фаза во Лигата на шампионите. По вечерашните натпревари ќе бидат познати и последните два тима што ќе играат во осмина-финалето.
Познати се 14 тима што ќе играат во нокаут-рундата. Не е познато само кои тимови ќе го освојта второто место во грушите Ц и Д. Во трка за таа позиција се Шахтјор и Динамо Загреб, односно Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен.
Шахтјор во Ц-групата ќе ја пречека Аталанта, а во исто време Манчестер сити ќе му гостува на Динамо во Загреб.
Шахтјор има шест, Динамо пет, а Аталанта четири бода.
Во Д-групата Атлетико ќе ја пречека Локомотив Москва и со победа ќе се пласира во наредната рунда. Во Леверкузен ќе гостува победникот во оваа група, Јувентус.
Атлетико има седум, а Леверкузен шест бода во пресрет на последното коло.
Осмина-финалисти веќе се ПСЖ, Реал, Баерн, Тотенхем, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул, Наполи, Барселона, Борусија, Лајпциг, Лијон, Валенсија, Челси.
Група А:
ПСЖ-Галатасарај
Бриж-Реал
Табела: ПСЖ 13, Реал 8, Бриж 3, Галатасарај 2
Група Б:
Олимпијакос-Црвена ѕвезда
Баерн-Тотенхем
Табела: Баерн 15, Тотенхем 10, Црвена ѕвезда 3, Олимпијакос 1
Група Ц:
Динамо-Манчестер сити
Шахтјор-Аталанта
Табела: Манчестер сити 11, Шахтјор 6, Динамо 5, Аталанта 4
Група Д:
Атлетико-Локомотив
Баер-Јувентус
Табела: Јувентус 13, Атлетико 7, Баер 6, Локомотив 3