Top Sport

Филаделфија и Мајами не губат кога се домаќини (Видео)

Кошаркарите на Филалделфија и Мајами се уште се без пораз пред своите навивачи. Изминатата ноќ Филалдлефија ја забележа 13, а Мајами 11 победа на домашен терен оваа сезона.

Филалделфија во дербито славеше над Денвер Нагетс 97:92. Филалделфија има 18 победи и седум порази, додека Денвер се на 14 победи и осум порази. Нагетс го запишаа третиот пораз на турнејата по Источната конференција, претходно беа поразени од Бостон и Бруклин.

Џоел Ембид со 22 поени и 10 скока, односно Тобајас Херис со 20 поени ја предводеа Филалделфија. Кај Денвер се истакнаа Вил Бартон со 26 поени, односно Никола Јокиќ со 15 поени, 11 скока и седум асистенции.

Мајами по продолжението ја победи Атланта 135:121. На влезот во последната минута од регуларниот тек на натпреварот Атланта водеа 117:111, меѓутоа Данкан Робинсон и Џими Батлер постигнаа тројки и го однесоа мечот во дополнителните пет минути.

Тројца играчи на Мајами постигнаа 30 или повече поени. Кендрик Нан уфрли 36, Данкан Робинсон 34, а Бам Адебајо забележа трипл-дабл од 30 поени, 11 скока и 11 асистенции. Блескаше и Џими Батлер со 20 поени, 18 скока и девет асистенции.

Шарлот Хорнетс победија во дуелот со Вашингтон Визардс 114:107. Мечот го обележа Девонте Грејем со 29 поени кај Шарлот, односно Давис Бертанс со 32 поени кај Вашингтон.

Портланд лесно се справија со Њујорк Никс 115:87. Хасан Вајтсајд имаше 17 поени и 11 скока, а Кармело Ентони против поранешниот тим постигна 16 поени.

Scroll to Top