Top Sport

Кифер го загуби договорот со КТМ

Договорот на тимот на Кифер рејсинг да вози мотоцикли на австрискиот производител КТМ во следната Мото2 сезона пропаднаа по повлекување на инвеститор, што може да значи крај на тркачкиот тим.

Ко-сопственикот на тимот, Штефан Кифер почина во текот на Малезиското ГП, по што беше договорено германскиот тим да го преземе поранешниот тркал, Дејвид Пикфорт. Кифер беа на листата на официјални тимови во Мото ГП со Доминик Егертер и Мото3 шампионот од 2012 година, Сандро Кортезе како возачи.

Швајцарецот Егертер вели дека сега тој бара финансиска поддршка за тимот да може да опстане.

„Инвеститорот кој требаше да му даде на Пикфорт пари за тимот си замина и затоа договорот со КТМ беше поништен. Сега мораме да имаме план Б, и да продолжиме да работиме и во новата сезона. Јас ќе инвестирам самиот и ќе се откажам од мојата плата. Вистинско ср.ње! На три дена пред Божиќ доаѓа овој стрес, но нема да се откажеме“, вели Егертер.

Мото2 шефот Штефан Кифер почина во Малезија

Scroll to Top