Top Sport

Мото2 шефот Штефан Кифер почина во Малезија

Шефот на Мото2 тимот, Кифер рејсинг, Штефан Кифер почина во Малезија пред стартот на тркачкиот викенд на патеката во Сепанг.

Според „Аутоспорт“, Кифер починал во неговата хотелска соба во четвртокот навечер, но деталите не се познати и локалната полиција го истражува случајот. Тимот се повлече од Малезиското ГП, што значи дека Доминик Егертер и Таран Мекензи нема да настапат на трката во Сепанг.

„Штефан Кифер беше натпреварувач и откако ја заврши кариерата го основаше Кифер рејсинг со својот брат Јохан. Од 2003 година, Кифер рејсинг е дел од Светскиот шампионат. Штефан зад себе остава еден син“, се вели во соопштението на тимот.

Scroll to Top