Top Sport

Лига Европа: УЕФА ги одреди „шеширите“

Ждрепката за нокаут-фазата во Лига Европа ќе биде одржана во понеделник, веднаш по извлекувањето на осмина-финалните двојки во Лигата на шампионите.

Нокаут-фазата во Лига Европа ќе ја започнат 32 екипи. УЕФА ги обави имињата на носителите, односно оние кои ќе реваншите ќе ги играат како домаќини.

Носители ќе бидат победниците на 12 групи, а ќе им се придружат и четири од осумте екипи што завршија како третопласирани во своите групи во Лигата на шампионите.

Во оваа фаза не може да се сретнат клубови и иста држава, односно клубови што биле во иста група.

Прв шешир: Арсенал, Малме, ЛАСК Линц, Севилја, Базел, Селтик, Порто, Еспањол, Гент, Басахшехир, Брага, Манчестер Јунајтед, Ајакс, Салцбург, Интер, Бенфика.

Втор шешир: АПОЕЛ, Копенхаген, Хетафе, Спортинг Лисабон, Клуж, Ајнтрахт, Ренџерс, Лудогорец, Волфсбург, Рома, Вулверхемптон, АЗ Алкмар, Баер Леверкузен, Шахтјор, Олимпијакос, Бриж.

Scroll to Top