Top Sport

Фјури: Против мене, Џошуа ќе мора да прифати 40 отсто

Потенцијалниот меч меѓу последните двајца британски светски шампиони во тешка категорија, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа ќе се случи само доколку ВБА и ИБФ шампионот Џошуа прифати 40 отсто од парите од мечот.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн неодамна изјави дека постои голема можност за пресметката на двајцата британски тешкаши во 2018, откако Фјури прифати суспензија поради позитивниот тест на кокаин, која завршува оваа година.

Џошуа прво е фокусиран на меч со Новозеланѓанецот, Џозеф Паркер, носителот на ИБО титулата, по што сите очекуваа преговори за меч со ВБЦ шампионот, Дионтеј Вајлдер. Џошуа изјави дека Паркер барал 35 отсто од парите како единствен „реален“ боксер, но Фјури вели дека нема да се согласи со такво нешто.

„Ентони Џошуа ќе прифати 40 отсто од парите за нашиот меч, и тој прво ќе биде објавен. Јас сум најголемиот противник кој тие момци можат да го имаат. Јас сум непоразениот кому ќе му се вратат титулите“, вели Фјури.

Вајлдер: Само 50-50, или нема меч со Џошуа

Scroll to Top