Top Sport

Вајлдер: Само 50-50, или нема меч со Џошуа

ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер вели дека ќе се согласи за меч за обединување на титулите со Британецот Ентони Џошуа само ако распределбата на парите во мечот е 50-50.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн сака да обезбеди меч со Американецот Вајлдер следната година, откако прво Џошуа би го победил ВБО шампионот, Џозеф Паркер, но претходно изјави дека Вајлдер ќе добие еднаква распределба само преку неговото „мртво тело“.

32-годишниот „Бронзен бомбардер“, кој има 39-0 скор, вели дека тоа е стратегија да се избегне меч со него.

„Јас нема да бркам никого. Не го бркам Џошуа. Ако не сака меч, тогаш тоа е добро. Би бил одличен меч, еден од најголемите во тешка категорија и сите го сакаат, но ќе биде само 50-50 или никако. Ако сакаат со тоа да избегаат од мечот, нека биде така. Не барам повеќе, туку само еднакво“, вели Вајлдер за „ЕСПН“.

Вајлдер го „здроби“ Стиверн во една рунда!

Trash talk – Вајлдер до Џошуа; „Ќе ти ја завршам кариерата“

Scroll to Top