Top Sport

СЕХА: Нова рутинска победа на Вардар

 

Ракометарите на Вардар, актуелните шампиони во СЕХА-лигата, вечерва ја забележаа петтата победа во регионалното натпреварување. Вардар во дербито славеше над ППД Загреб со 28:21. Ова е втора побада на Вардар над овој противник во последните три недели откако „црвени-црните“ со идентична разлика (30:23) славеа и во Лигата на шампионите.

Вардар уште еднаш ја оправда фаворитската улога против хрватскиот првак, со што го задржа максималниот ефект во СЕХА-лигата. Вардар е лидер на табелата со 15 бода.

Неизвеснот во дуелот имаше во првите два минути кога Загреб успешно му парира на бранителот на трофејот. Загреб водеше 6:7 во 18. минута, потоа Вардар во наредните пет минути не прими гол, а постигна четири и ја создаде првата посериозна предност 10:7.

На полувремето избраниците на Раул Гонзалес има седум гола повеќе на своето конто (17:10).

Се обидоа гостите во вториот дел да ја намалат негативата, но се доближија само до четири гола негатива (20:16) во 43. минута, а потоа 23:19 во 48. минута.

Вардар веднаш ја врати максималната предност, а на крајот резултатот беше 30:23.

Карачиќ и Дибиров со по шест гола ги предводеа стрелците, а најдобар на теренот беше голманот Милиќ, кој имаше 17 одбрани.

 

 

Scroll to Top