Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Осасуна 2:0 во последниот меч од саботната програма во Ла Лига. Тимот на Чоло Симеоне забележа важна победа и по некомплетното 17 коло се искачи на четвртото место на табелата.
Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ го обележа голманот на Осасуна Серхио Ерера кој сепа не успеа да го спречи поразот на својот тим.
Ерера само во првото полувреме забележа седум интевенции и беше најзаслужниот што по 45 минути резултатот беше 0:0.
Бедемот на Осасуна предводен од Ерера го проби Алваро Мората со својот шест гол во првенството во 67 минута. Шпанскиот репрезентативец највисоко скокна на центаршутот што го испрати Трипие.
Сите дилеми околу конечниот победник ги реши Саул Нигез осум минути подоцна.