Top Sport

Шок во Далас, се повреди Лука Дончиќ (видео)

Кошаркарот на Далас Маверикс, Словенецот Лука Дончиќ се повреди на стартот на синоќешниот меч на неговата екипа против Мајами Хит.

Дончиќ тргна во продор кон противничкиот кош, дебитантот на Хит, Кендрик Нан ја испружи ногата повеќе од што требаше, па Лука згазна на неговото стапало.

Словенецот веднаш потоа со болки ја напушти салата, додека во „Америка Ерлајнс Центар“ завладеа молк.
Дончиќ, кој досега покажува феноменални партии за Далас веднаш бил префрлен во болница, па сега се очекува снимките да покажат за колку сериозна повреда се работи.

Далас по продолженија загуби од Мајами со 118-122, а по мечот тренерот на домаќините повеќе се осврна на повредата на главниот играч, отколку на поразот на екипата.

Scroll to Top