Сенегалскиот борец, Омар Кан дебитираше во октагонот. Тој настапи на промоцијата на „Арес фајтинг Чемпионшип“ и буквално го прегази својот противник Софиан Букичу.
Кан е првак на Сенегал во борење и долго се чекаше на негово деби во ММА борбите.
Висок е 196 сантиметри и тежок 120 килограми, а досега се уште е непоразен во борење.
Неговото деби беше синоќа во Дакар, а судијата мораше да ја прекине борбата во втората рунда по стаотниот налет на Кан, откако првата рунда помина во испитување на силата на противникот.