Според шпанските медиуми тренерот на Реал, Зинедин Зидан, по завршувањето на сезоната ќе го врати во Мадрид Ашраф Хакими. Репрезентативецот на Мароко се наоѓа на двегодишна позајмица во Борусија Дортмунд.
Хакими (21) импресионира со своите настапи во Дортмунд, поради што „милионерите“ сакале да го откупат неговиот договор. Зидан немал да го продава фудбалерот, а медиумите тврдат дека и Мароканецот сакал да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.
Хакими во сезоната 2017/2018 одиграл 17 натпревари за Реал, меѓутоа по завршувањето на таа сезона Реал од Реал Сосиедад го донесоа во тимот Алваро Одриозола, а Мароканецот го испратија на позајмица.
Шпанските медиуми пишуваат дека Одриозола ќе биде продаден во летниот преоден рок за да се отвори место во тимот за Хакими.