Top Sport

Реал против Манчестер сити, Атлетико го чека Ливерпул

Шпанско-англискиот дуели Реал-Манчестер сити и Атлетико Мадрид-Ливерпул се најпривлечните дуели во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Попладневната ждрепка во Нион ги спои финалистите од 2012 година Челси и Баерн.

Сезонава македонски репрезента во Лигата на шампионите е Елиф Елмас. Наполи чии дрес го носи Елмас во осмина-финалето доби исклучително тежок ривал во шпанскиот првак Барселона.

Осмина-финални двојки:

Борусија Дортмунд-Пари Сен Жермен
Реал Мадрид-Манчестер сити
Аталанта-Валенсија
Атлетико Мадрид-Ливерпул
Челси-Баерн Минхен
Олимпик Лион-Јувентус
Тотенхем-Лајпциг
Наполи-Барселона

Првите осмина-финални натпревари ќе се играат на 18 и 19, односно на 25 и 26 февруари 2020 година. Реваншите ќе бидат на програмата на 10 и 11, односно на 17 и 18 март 2020 година.

На 20 март 2020 ќе биде извршена ждрепката за четврт-финалето и полу-финалето.

Четврт-финалните натпревари на програмата ќе бидат на 7 и 8 април, а реваншите на 14 и 15 април 2020 година. Полу-финалните дуели ќе се играат на 28 и 29 април, а реваншите на 5 и 6 мај наредната година.

Финалето ќе се игра на 30 мај во Истанбул.

Scroll to Top