ПСЖ планира да реализира уште еден голем трансфер, по оние на Најмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра). Според „Гол Италија“ сосптвеникот на клубот нема да жали пари за на „Паркот на Принцовите“ да го донесе младиот Србин Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Освојувачот на европското првенство до 19 години и светското првенство до 20 години со Србија, сезонава е најдобриот играч на Лацио, за кого интерес покажуваатнајголемите и пред се најбогатите европски тимови.
Како што објави „Гол Италија“, ПСЖ планира за Сергеј да понуди сума од 170 милиони евра. Оваа сума сигурно нема да ја одбие сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито, а младиот фудбалер би станал третиот најскап играч во историјата на фудбалот.
Сергеј оваа сезона Сергеј веќе има постигнато седум гола за Лацио и е еден од назаслужините што тимот се пласира во нокаут фазата во Лига Европа, а во Серија А се наоѓа на петтото место на табелата.
Прашање е само како ПСЖ ќе го изигра финансискиот ферплеј на УЕФА. Во случајот на Нејмар, Бразилецот доби пари од државата Катар и тој сам ја плати откупната клаузула, додека Мпабе сезонава настапува како позајмен играч, а клубот наредното лето ќе мора да го откупи неговиот договор за сума од 180 милиони евра.