Дебитантите во Лигата на шампионите Аталанта се задоволни од денешната осмина-финална ждрепка. Аталанта за пласман меѓу осумте најдобри ќе игра против Валенсија.
„Чувството да се биде овде во Нион е прекрасно. Да се биде на исто ниво со овие тимови. Успеавме да ги избегнеме фаворитите, но сепак ова е сложен дво-меч. Се надевам дека ќе оставиме добар впечаток. Валенсија е прекрасен подарок за Божик. Искрено ова е иеален противник за нас“, рекол првиот човек на екипата од Бергамо, Антонио Перкаси.
Инаку, Аталанте е првиот тим што успеал да се пласира во нокаут-фазата откако претходно бил поразен во првите три натпревари.