Пеп Гвардиола не е во најдобро расположение бидејќи Манчестер сити не успеаја да ги оддржат (пре)високите стандарди од претходните сезони, вели еден од неговите клучни фудбалери, Кевин де Брујне.
Лани Сити успеаја да ја одбранат титулата од Премиер лигата пред Ливерпул со разлика од само еден поен, но оваа сезона ситуацијата е речиси невозможна, откако освоија само 35 поени од можни 52, додека Ливерпул имаат 49.
Момците на Гвардиола веќе загубија исто толку поени колку цела мината сезона, со големи проблеми во одбраната, но во неделата се крена расположението со 3:0 победа на гости кај Арсенал откако го загубија дербито со Манчестер јунајтед. Де Брујне, кој постигна два одлични гола против „топчиите“ вели дека расположението на Гвардиола не е „најдобро“.
„Понекогаш е нерасположен, понекогаш е среќен. Но, очигледно нема да си расположен кога не ни оди толку добро како минатата година. Другото е исто. Кога не оди најдобро, секогаш ќе има повеќе шпекулации. Ситуацијата е нормална“, вели Де Брујне.