Репрезентативците на Азејберџан од челниците на Фудбалскиот сојуз побарале да го вратат на селекторската позиција Роберт Просинечки. Поранешниот фудбалер на Динамо, Црвена звезда, Реал, Барселона и Овиедо остана без работа бидејќи не успеа да избори пласман на ЕУРО 2020 со Босна и Херцеговина.
Роберт Просинечки во периодот од 2014 до 2017 година бил селекторт на фудбалската репрезентација на Азербејџан.
„Во ерата на Просинечки игравме добро. На крајот кој и да биде селекторот ние играчите треба да се бориме на теренот. Сојузот ќе реши кој ќе биде селектор. Ако мене ме прашувате би сакал да се врати Просинечки“, изјавил репрезентативецот Махир Емрели.
Медиумите во оваа земја пишуваат дека Просинечки ен ја отфрлил можноста да се врати во Азербејџан.
„Се е можно, ќе видиме. Азербејџан има услови за постигнување на уште подобри резултати“, порачал Просинечки.
Актуелен селектор на Азербејџан е Никола Јурчевиќ, кој заедно со Просинечки бил асистент во стручниот штаб на Славен Билиќ кога тој бил селектор на Хрватска.