Top Sport

Врањеш е новиот предводник на Словенија

Ракометната репрезентација на Словенија на Европското првенство ќе ја предводи Љубомир Врањеш. Швеѓанецот на функцијата ја презеде од Веселин Вујовиќ со кого Сојузот пред три недели ја раскина соработката. Првиот човек на Ракометниот Сојуз на Словенија, Фрањо Бобинец, потврдил дека Врањеш потпишал договор до 2024 година.

Љубомир Врањеш има 46 години, во кариерата бил тренер на Фленсбург и Веспрем, а од почетокот на оваа сезона работи во Кристијанштад. Искуство како селектор има со Србија и Унгарија. Најголем успех во досегашната кариера му е европската титула која ја освои со Фленсбург во сезоната 2013/2014 година.

Официјално Врањеш работата со репрезентацијата на Словенија ќе ја започне на 27 декември.

„Имаме добра група на играчи. Со ваков кадар можеме да направиме нешто големо на Европското првенство“, изјавил Врањеш за словенските медиуми.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 јануари во Австрија, Норвешка и Шведска. Словенија во Ф-групата за противници ќе ги има Шведска, Швајцарија и Полска.

Scroll to Top