Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал Џанлуиџи Буфон утре се израмни на вечната листа на играчи со најмногу одиграни натпревари со Паоло Малдини.
Буфон досега во кариерата, во Парма и Јувентус, одиграл 646 натпревари во Серија А. Утре Јувентус ќе игра против Сампдорија, а Буфон треба да застане на голот бидејќи првиот голман Војчех Шчешни е повреден. Полскиот голман не бранеше во саботата против Удинезе.
Инаку медиумите во Италија тврдат дека Буфон во својот договор има клаузула која му гарантира дека ќе брани на одреден број на натпревари за да може да го урне рекордот на Малдини.