Top Sport

Одбојкарите ги добија ривалите во Златната лига

Македонската одбојкарска репрезентација ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во Златната европска лига.

Македонија ќе се натпреварува во Ц-групата заедно со Турција, Чепка и Португалија. Заедно со Македонија овие три селекции учествуваа на последното Европско првенство.

Само победникот во групата ќе продолжи понатаму.

Натпреварите се играат по принцип дома/гости и тоа во три термини. златната лига ќе започне на 25 мај, а ќе заврши на 16 јуни. Завршниот турнир ќе се одигра на 20 и 21 јуни.

Победникот ќе добие 125.000 евра.

Scroll to Top