Top Sport

4 меча казна и 12.000 евра за „голманот-убиец“од Шалке (видео)

Српскиот фудбалски интернационалец, Мијат Гачиновиќ заработи повреди на градниот кош и на ребрата по стартот врз него од голманот на Шалке, Алекс Нибел. Денеска стигна и казната за чуварот на мрежата кој во „нинџа-стил“ стартуваше при една контра на фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт.

Дисциплинските органи во Бундеслигата го казнија Нибел со 4 меча суспензија и парично со 12.000 евра.

По тој повод се огласија од Управата на Шалке 04:

„Ја прифаќаме суспензијата. Како што Алекс самиот рече, најважно е Гачиновиќ да е добар и да нема трајни последици по неговото здравје. Исто така, благодарни сме на Ајнтрахт за спортското и пријателско однесување. Ниту во еден момент не изнесоа осуда на сметка на нашиот голман иако резултатот не им одеше од рака. Не постои подобар начин да се премине преку вака непријатна ситуација, со која мораме да се соочиме“.

Scroll to Top