Во Манчестер јунајтед се сигурни дека ќе го обезбедат потписот на норвешкиот талент Ерлинг Браут Халанд веќе следниот месец за 76 милиони фунти, но веднаш потоа би го вратиле во Салцбург на позајмица, тврди британскиот „Сан“.
Оле Гунар Солскјер го направил 19-годишниот сонародник прва мета на Јунајтед и би сакал да може да ги победи големите понуди од Европа, но Ред бул Салцбург би се согласиле на тоа само доколку тој остане кај нив до крајот на сезоната. Халанд постигна 24 гола во 22 настапи оваа сезона и Солскјер би сакал да го има во нападот во борба за топ 4 пласман и Лига на шампиони следната сезона.
Самиот Халанд наводно е расположен да пристигне на „Олд Трафорд“ и неговите претставници го убедувале Јунајтед да ги прифати условите на Салцбург. Бундеслигашот РБ Лајпциг имаат договор со сестринскиот клуб Салцбург со кој можат да го добијат за само 25 милиони евра и тие веќе потврдија дека ќе направат ваква понуда, но сè зависи од подготвеноста на Халанд да направи избор помеѓу Бундеслигата и Премиер лигата.