Top Sport

Ова е најмладиот тим во историјата на Ливерпул!

Бидејќи „главниот“ тим на Ливерпул е во Катар каде што го чека настапот во Светското клупско првенство, „црвените“ за дуелот со Астон вила во четврт-финалето во Лига купот го поставува најмладиот тим во историјата.

Со просечна возраст од 19 години и 186 дена, во првиот тим на Ливерпул ќе дебитираат Исак Кристи-Дејвис, Луис Лонгстаф, Морган Бојс и Томас Хил, додека Педро Киривела ќе го има своето деби како капитен. Претходниот рекорд беше 21 година и 296 дена во јануари 2017 година.

Scroll to Top