Top Sport

Мајка му на Габриел Жесус е подобар дриблер од него (видео)

Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус се „прецени“ кога реши да се дрибла со својата мајка – добивајќи незгоден удар.

Иако Бразилецот прво ја „протнува“ топката меѓу нозе на својата мајка, добива силен удар и на крајто завршува на подот.

Мајката на Жесус дојде во Англија само за божиќните празници, а фудбалерот неодамна зборуваше за силната врска со неа.

„Мојата мајка одеше навака-натака помеѓу Англија и Бразил и навистина ми беше тешко да бидам без неа, бидејќи ми значи сè во животот. Таа ми беше и мајка и татко кога раснев“, вели Жесус.

Scroll to Top