Top Sport

Инсиње: Игуаин требаше да покаже почит

Ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње го нападна својот поранешен клупски колега Гонзало Игуаин, велејќи дека разговарал со него откако напаѓачот на Јувентус лудо го славеше победничкиот гол на неодамнешниот меч во Наполи.

Игуаин, кој пред 18 месеци замина во Јувентус, го постигна единствениот гол во 12. минута, по што славеше пред домашните навивачи, симулирајќи дека бара некого на трибините. Инсиње, кој играше со Игуаин три години заедно, вели дека тоа е покажување на крајно непочитување кон клубот и поранешните соиграчи.

„Зборував со него на дијалект, но мислам дека добро ме разбра. Бев лут. Тој беше тука три години… Не велам ништо, тој бира што да прави. Кога постигна гол во Торино не славеше, ниту лани, но оваа година реши да го смени тоа. Требаше да остане со минимум почит за нас, поранешните колеги. Тој вели дека уште е наш пријател и праќа СМС пораки пред натпреварот, а потоа слави така во лице? Крајно непочитување“, вели Инсиње во интервју за „Газета дело спорт.

Инсиње е лут за уште нешто – за песните кои ривалските фанови ги имаат за Наполи во кои се пее со надеж дека Везув ќе еруптира и ќе го уништи Неапол.

„Фудбалерите не можат да најдат решение за тоа, туку само институциите. Тоа е како расизам. Везув, избриши го со твојот оган… Кој пее така, навистина?“, додава Инсиње.

Игуиан: Не можев да го видам Де Лаурентис, мора да се сoкрил

Scroll to Top