Младиот 19-годишен српски фудбалски интернационалец, Душан Влаховиќ, играч на Фиорентина е апсолутен хит на изминатото коло во Серија А. Тој со прекрасен гол во 92 минута и донесе реми 1-1 на својата екипа во дуелот со лидерот на табелата, милански Интер.
Влаховиќ доби една топка на центарот и храбро тргна кон голот на Самир Хандановиќ. Се избори во дуелот со дефанзивецот Милан Шкрињар и потоа од левата страна совршено гаѓаше во спротивниот агол на противничкиот гол.
„Голот беше сјаен, но такво нешто да сториш против Интер е непроценливо. Прославата на голот? Ме воодушеви Мемфис Депај и неговата прослава, па го повторив тоа“ – изјави за „Corriere dello Sport“ младиот фудбалер на „виолетовите“.
Влаховиќ на 1 јули 2018 година од Партизан стигна во Фиренца за речиси 2 милиони евра. За младата екипа на Фиорентина постигна 12 гола на 14 меча, а оваа сезона за А-тимот има 5 гола (3 во Серија А и 2 во Купот на Италија).
Сепак, погодокот против Интер е најважниот во неговата кариера.
Благодарен сум им на сите, посебно на тренерот Винченцо Монтела кој верува во мене. Од првиот ден сите овде веруваат во мене. Се чувствувам сјајно деновите и се надевам дека тоа ќе потрае“ – вели младиот српски фудбалер.
Тој ги откри и неговите фудбалски идоли.
„Дефинитивно, Марко Ван Бастен и Златан Ибрахимовиќ се моите идоли“ – вели тој.