Филипе Кутињо неодамна го имаше својот најдобар меч во дресот на Баерн Минхен, постигнувајќи хет-трик против Вердер Бремен во текот на викендот, но според „Билд“ тоа го направи во дрес наменет за деца.
Кутињо, кој е во Баварија како позајмен фудбалер од Барселона, е висок 172 сантиметри, и поради тоа носи дрес за деца до 176 сантиметри. Причината за ова е тоа што пред секоја сезона Баерн Минхен на својот партнер „Адидас“ им дава точни мерки за сите фудбалери, но Кутињо пристигна на „Алијанц арената“ пред крајот на преодниот рок и затоа мора да носи „купечки“ дрес (секако во детска големина).
Според „Билд“, ова ќе се реши наскоро, бидејќи „Адидас“ за 2020 година ќе им даде нови дресови на фудбалерите на Баерн.