Top Sport

Фирмино ги однесе Ливерпул во финале со гол во 91. минута.

Иако се очекуваше Ливерпул лесно да се „справи“ со северноамериканскиот шампион Монтереј и да се пласира без мака во финалето на Светското клупско првенство во Катар, незгодните Мексиканци 90 минути го мачеа европскиот шампион за Роберто Фирмино во 91. минута да постигне гол за 2:1 победа.

Ливерпул сега ги очекува голема пресметка со бразилскиот Фламенго, кој оваа сезона триумфираше и во домашниот шампионат и ја врати титулата од Копа Либертадорес.

Наби Кеита постигна убав гол во 12. минута од мечот за рана предност на „црвените“, но веднаш потоа во 14. минута, Регалио Фунес да израмни за Монтереј. Ливерпул се мачеше да направи предност во остатокот од мечот, но и Монтереј имаше свои шанси, пред во 91. минута, по еден дриблинг на Мо Салах на работ на шестнаесетникот, Боби Фирмино да постигне убав гол за триумф.

Scroll to Top