Top Sport

Карабао куп: Манчестерско дерби во полу-финалето

Ждрепката ги спои манчестерските ривали Јунајтед и Сити во полу-финалето, на Карабао купот. Во второто полу-финале ќе играат Лестер и Астон Вила.

Првите натпревари на програмата се на 6 јануари наредната година, а реваншите ќе се одиграат на 27 јануари.

Манчестер Јунајтед и Лестер ќе бидат домаќини на првиот меч.
Карабао купот е можност за Манчестер сити да им се реваншираат на „црвените ѓаволи“ за неодамнешниот пораз во Премиер лигата. Јунајед на стадионот на Сити, на 7 декември победија со 2:1.

Scroll to Top