Марсел Хиршер направи грешка по која многумина би загубиле и место меѓу топ 10, но стигна до неверојатна победа на ноќниот слалом, спектаклот во Мадона ди Кампиљо.
Австрискиот феномен стигнува до победа по две втори места зад Норвежанецот Хенрик Кристоферсен во елитниот италијански ски-центар, и тоа на најдобар можен начин.
Хиршер имаше 37 стотинки предност пред Русинот Хорошилов по првото возење, но направи голема грешка во средината на патеката, за сепак, некако да се врати за победа и да спречи Швајцарецот Лука Ерни да стигне до деби-победа за само 0.04 секунди. Кристоферсен беше трет, додека Хорошилов загуби скија и не го заврши второто возење.
Со победата, Хиршер стана нов лидер во генерален пласман со 534 освоени поени, пред Кристоферсен со 505 и уште еден Норвежанец, Аксел Лунд Свиндал со 374.
Incredibile #Hirscher! Sbaglia ma vince lo stesso lo slalom di Campiglio… ??
È UN FENOMENO! ??#EurosportSCI | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/JWO7Y8GIsF
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 22, 2017