Дебитантот во НБА лигата, во дресот на Мемфис Гризлис, Џа Морант, за малку ќе го повтореше славното забивање што во Сиднај на Олимписките игри во 2000 година го изведе Винс Картер.
Легендата на оваа игра, кој сега е во Атланта Хоукс, пред 19 години го прескокна 2018 сантиметри високиот Федерик Вајс и ја заби топката во кошот.
19 години подоцна нешто слично не му успеа на еден од најатрактивните играчи во лигата, Морант. Тој изминатата ноќ на дуелот помеѓу Мемфис и Кливленд, тоја успеа да го прескокне Кевин Лав, но остана краток и не успеа да забие.
? JA MORANT tried to recreate Vince Carter’s Olympic Dunk with Kevin Love!! pic.twitter.com/MMkuwGgd1Y
— Ballislife.com (@Ballislife) December 21, 2019
„Малку недостигаше Џа да ми ја заврши кариерата со ова забивање. Ова момче е навистина нешто посебно“, рекол Лав по натпреварот.