Top Sport

Мертенс ќе го потпише нов договор со Наполи

Наполи му понудиле нов договор на белгискиот репрезентативев Дрис Мертенс, тврдат италијанските медиуми.

Информацијата на италијанските медиуми предизвика внимание во фудбалските кругови на Апенините бидејќи по се она што се случуваше во клубот се шпекулираше дека Мертенс е еден од оние што во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Сан Паоло“.

Наводно за Белгиецот најсериозен интерес покажале Интер и Борусија Дортмунд.

„Скај Спорт Италија“ објави дека Наполи му понудиле нов две годишен договор на Мертенс. Доколку тој ја прифати понудата неговата годишна плата ќе изнесува четири милиони евра.

Scroll to Top