Top Sport

Очајна игра и реми без голови помеѓу Евертон и Арсенал

Фудбалерите на Евертон и Арсенал одиграа 0:0 во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. Дуелот од трибините на „Гудисон“ го следеа новите менаџери на двата тима Карло Анчелоти и Микел Артета. Ова беше прво реми без голови помеѓу Евертон и Арсенал уште од 1993 година.

Идинте тимови на Италијанецот Анчелоти и Шпанецот Артета не прикажаа ништо за 90 минути игра. Впечатокот е дека Евертон и Арсенал играа да не загубат.

Евертон во првото полувреме имаа неколку ветувачки напади, додека Арсенал за 45 минути се заканија само еднаш. Во финишот на првиот дел Мартинели од добра позиција шутираше крај голот.

Вториот дел беше уште полош од првиот. Во 70 минута главниот судија се консултираше со колегите од ВАР собата околу една сомнителна ситуација пред голот на Арсенал.

По овој меч и на Анчелоти и на Артета им е јасно дека ќе имаат многу работа.

Scroll to Top