Фудбалерите на Барселона по двете нерешени средби со Реал Сосиедад и Реал Мадрид забележаа победа над Алавез 4:1 во 18 коло.
На „Ноу Камп“ резултатот го отвори Антоан Гризман во 14 минута, Францускиот репрезентативец го постигна седмиот гол во првенството.
Предноста на Каталонците ја удвои Видал на истекот на првото полувреме.
Алавез во мечот се вратија по десет минути игра во второто полувреме кога Педро Понс го совлада тер Штеген.
Надежта на гостите дека можат да направат изненадување ги уништи Меси 13 минути подоцна. Аргентинецот постигна уште еден гол со кој ја воодушеви фудбалската јавност. Конечниот резултат го постави Луис Суарез во 75 минута од пенал.