Шефилд Јунајтед, Барнли, Саутепмтон и Вулверхемптон победија како гости, додека честа на тимовите кои беа домаќини во 18 коло ја одбрани Њукасл.
Саутемптон во дуелот на екипите од долниот дел на табелата победија во Бирмингем кај Астон Вила. Прв пат од почетокот на сезоната „светците“ се во безбедната зона на табелата. Дани Ингс постигна два гола во победата на Саутемптон над Астон Вила од 3:1.
Вулверхемптон со пресврт во втоиот дел победија кај Норич. Саис и Хименез ги постигнаа головите за „волците“ откако во првиот дел Норич водеа со Кантвел.
Минимални победи забележаа Барнли кај Борнмут, односно Шефилд Јунајтед кај Брајтон.
Честа на домашните екипи ја спасија фудбалерите на Њукалс со победата над Кристал Палас. Голот за победа го постигна Алмирон во 83 минута.