Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано кој до скоро работеше како стручен консултант на приватна италијанска телевизија добил отказ откако се обидел да ја истепа згодната водителка, негова колешка, Џорџија Вентурини.
Долг период Касано е водител во специјализирана емисија за фудбалот во Серија А, а многумина го следеа поради неговиот темпераментниот карактер. Тој зборува она што го мисли, без „влакна на јазико“, а често го пренесувал и личното искуство од настапите во Интер, Реал Мадрид, Милан, Рома…
Сепак, се чини „краткиот фитил“ скапо го чинел. Тој работел заедно со Вентурини, која пак во Италија е позната по испадите во реални ток-шоуа.