Top Sport

Мурињо: Меси сите тренери ги прави подобри отколку што се!

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо има само зборови за пофалба за асот на Барселона, Лионел Меси. „Посебниот“ во текот на кариерата често водел тимови против Барса на Меси.

Мурињо против Барселона најчесто играше додека беше тренер на Реал Мадрид, а дуелите додека беше на чело на Челси и Интер најчесто беа во ЛШ.

„Играв против Меси со Челси, Интер и Реал. Во секој меч имав поинаков пристап и цел. Некогаш играте на победа, некогаш само да не заубите, а некогаш правите промена на сред меч за да го задржите или промените резултатот. Кога на другата страна имате таков играч, морате да разберете на кој начин може да ве победи. Се на се, Меси сите тренери ги прави подобри отколку што се“ – вели Мурињо.

Португалецот против Аргентинецот вкупно имал 14 дуели, петпати победил, 6 меча загубил, а петпати било нерешено.

Scroll to Top