Top Sport

Хулк ја оставил сопругата за врска со нејзината внука

Од светот на бразилските таблоиди доаѓа приказната за поранешниот репрезентативец Хулк, кој ја оставил својата сопруга Иран Анжело де Соуза по 12 години брак и три деца за да влезе во врска со нејзината внука, Камила.

Фудбалерот на Шангај СИПГ сепак, очигледно нема што да крие, и неговиот портпарол за бразилскиот веб-сајт „УОЛ Еспорте“ даде интересна изјава.

„Самиот Хулк ја направи таа информација достапна и нема што да крие. Се работи за транспарантност за да се избегнат негативни коментари. Потсетете се дека неговиот брак заврши во јули, а Камила исто така не е во врска повеќе месеци. Во саботата тоа им е кажано на сите членови на семејството и на децата“, вели портпаролот.

Според бразилскиот печат, Камила била блиска со својата внука и двете постојано објавувале заеднички фотографии на социјалните мрежи. Хулк има три деца со Иран Анжело – Јан (10 години), Тијаго (8 години) и Алис (6 години).

33-годишниот ветеран ја заврши четвртата сезона во кинескиот фудбал откако во 2016 година пристигна од Зенит Санкт Петербург.

Scroll to Top