Нејмар се реши за ретро-стил при враќањето во Бразил, каде што во Сао Пауло присуствуваше на 26-тата роденденска забава на својот добар пријател, сурферот Габриел Медина, каде што сите гости беа облечени како хипици.
Бразилската ѕвезда на ПСЖ се пофали со цветна кошула, сребрени панталони и портокалова марама на главата со неизбежните „ленонки“. Според бразилските медиуми, Медина пратил детални инструкции во својата покана за забавата, во која стриктно стоело дека „гостите не може да покануваат нови гости“.