Top Sport

Милдзборо го отпушти тренерот и покрај победите

Гери Монк беше отпуштен од позицијата тренер на англискиот второлигаш Мидлзборо и покрај тоа што неговиот тим се врати за победа над Шефилд Венсдеј неколку часа претходно.

38-годишниот Монк, кој беше именуван за тренер во јуни, ја плати цената за слабиот прв дел од сезоната во кој иако беа фаворити за првото место, завршија на 9. место на табелата со 19 поени зад лидерите Вулверхемптон.

„Клубот сака да му се заблагодари на Гери за работата и за посветеноста и да му посака сè најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

Се верува дека Боро ќе се обидат да го донесат Тони Пјулис на клупата.

Scroll to Top