Top Sport

Перез и Реал веднаш ќе реагираат со 200 милиони евра?

Според шпанскиот „Диарио гол“, Флорентино Перез знае дека за да го крене духот на навивачите на Реал Мадрид треба да потроши пари.

Во текот на летото, Реал не влезе во големо купување на играчи, но по саботниот пораз од 0:3 во „Ел класико“ од Барселона и разликата од 14 поени на табелата (иако со натпревар помалку), ова ќе се смени.

Според шпекулациите, тие се подготвени да потрошат околу 200 милиони евра за да донесат три засилувања. Прв и речиси сигурен трансфер е тој на голманот на Атлетик Билбако, Кепа Аризабалага по низата слаби натпревари на Кико Касиља и повредите на Кејлор Навас. За него, Реал ќе платат околу 30 милиони евра.

Втора цел на „Лос бланкос“ треба да биде Леонардо Бонучи, кој се наоѓа „заглавен“ во катастрофалниот тим на Милан, а бидејќи на италијанскиот тим му се потребни пари, за 50 милиони евра, Реал би имал нов столб во одбраната.

Следната цел е најатрактивната – Мауро Икарди кој би бил донесен од Интер како замена за Карим Бензема откако се верува дека тимот ги загуби нервите со францускиот интернационалец. Последното засилување би било и најскапо, бидејќи Интер ќе бара најмалку 100 милиони евра.

Scroll to Top