Јамајчанката Шели-Ен Фрејзер-Прајс, најдобрата спринтерка на денешницата, ќе трча на 100 и на 200 метри на Олимпијадата во Токио.
32-годишната Фрејзер-Прајс е двократна олимписка шампионка на 100 метри, а оваа година се врати со злато на Светското првенство во Доха за своја четврта светска титула. Меѓутоа, таа не се натпреваруваше на 200 на Олимпијадата во Рио во 2014 каде што заврши како трета и покрај повредата на палецот на ногата.
„Секако, ќе одам на двојна титула. Лани сакав да се обидам со двојната титула, но мојот тренер имаше поинакви планови и тие ги исполнивме. Секогаш го слушам“, вели Фрејзер-Прајс.
Јамајчанката, чии успеси може да се споредат само со тие на Јусеин Болт, освои злато на 200 метри на СП во 2013 година и сребро на Олимпијадата во Лондон и вели дека целта е да се сруши границата од 22 секунди.
„Во моето срце знам дека можам да истрчам 21 секунда. Тоа е главната цел“, вели Фрејзер-Прајс.