Top Sport

Кантер, конечно, излезе од САД за меч во Канада

Турскиот кошаркар Енес Кантер по подолга пауза, конечно, излезе од САД за дуел на неговите Бостон селтикс против Торонто репторс во Канада.

Кантер се плашеше да излезе од САД откако влезе во „војна“ со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој дури прати интернационална потерница за кошаркарот поради неговата поддршка на контроверзниот исламски свештеник, Фетулах Ѓулен.

„Сакам да се заблагодарам на владата на канадскиот премиер Џастин Трудо, на американската и канадската полиција, на американскиот сенатор Ед Марки, на Селтикс, на НБА и на овој потег. На Божиќ против Репторс за прв НБА меч надвор од САД“, изјави Кантер.

Scroll to Top